Органска трансформација – предизвици и потенцијали

Почитувани,

Здружението  „Вина од Македонија“ со задовоство ве поканува да присуствувате на конференцијата на тема „Органска трансформација – предизвици и потенцијали“, која ќе се одржи на 9 мај 2023 година (вторник)  во М6 Едукативниот центар, со почеток во 11 часот.

Oваа конференција е дел од активностите на проектот: „Географска индикација за производство на вино во Република Северна Македонија“ со цел зајакнување на техничкиот и организацискиот капацитет на винскиот сектор за воспоставување функционален систем за географска индикација во Република Северна Македонија, заеднички имплементиран од винаријата Тиквеш АД Кавадарци, Здружението Вина на Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

На конференцијата својата експертиза и искуство ќе ја споделат истакнати говорници како Кристина Микелони, координатор на Научниот одбор при Италијанската асоцијација за органско земјоделство, како и Џовани Бигот, основач на институтот Прелеуве од Италија.

Покрај нивните излагања, предвидена е и панел дискусија на која претставниците на македоснкиот вински сектор ќе ги споделат нивните искуства и добри практики во процесот на органско производство на грозје и вино. Дискусијата ќе обезбеди вредни информации за сите кои започнуваат или размислуваат за органска трансформација на нивните лозови насади и производството на вино особено со најавата за измените на законот за вино кои регулираат и органско производство.

Веруваме дека оваа конференција ќе ви даде одлична можност да се запознаете со најновите трендови и практики во органското лозарство и винарство и да се поврзете со индустриски експерти и професионалци.


На конференцијата ќе биде обезбеден превод од англиски на македонски јазик.

Ве молиме потврдете го вашето присуство со пополнување на онлајн формата најдоцна до 8 мај бидејќи бројот на места е ограничен.
 
 

#Линк до формата за пријавување

ПРИЈАВА